Аца Лукас: Господо, зошто јас морав во затвор, а Лука Лазукиќ не?!

575

Аца Лукас вели дека нема да се откаже додека не го истера на чисто сопствениот случај со сеуште законската сопруга Соња Вуксановиќ која на 2-ри септември минатата 2017-та година го пријави познатиот пејач во полиција бидејќи ја претепал. Имено, таа тврдела дека била физички малтретирана по вербалната расправија која ја имале. Нешто подоцна Соња ја сретнале во Ургентниот центар во Белград каде тврдела дека има серизони повреди. Од друга страна, Аца Лукас уште своевремено убедуваше дека ја нема со прст пипнато својата сопруга туку дека таа по него фрлала со разни предмети од кујната.

Сепак, Лукас во Основното обвинителство на 3-ти септември, однсоно ден подоцна ја призна вината, како што тогаш изјави за српските медиуми, за да биде на слободна, а не во притвор додека да го дочека судењето.

Меѓутоа, откако Лука Лазукиќ, сопругот на поп пејачката Наташа Беквалац, е пуштен да се брани од слобода, веднаш по сослошувањето во полицијата, Аца Лукас бесно прашува во што е разликата меѓу нив двајца, освен во тоа, што тој и натаму тврди дека Соња не ја ни допрел.

„Кога се случи мојот случај, за кој вие сите многу добро знаете, и за кој јас и тогаш и сега тврдам дека не сум ја пипнал со прст мојата сопруга, туку дека сум класично наместен во ситуацијата. Значи кога тоа се случи и кога во полицијата давав изјава ми беше јасно кажано: „За тебе Аца Лукас обвинителството донесе одлука за притвор од 30 дена во Централниот затвор.“ Ги прашувам судиите и обвинителството и сите претставници на судовите, и сите правници во земјава, која е разликата меѓу мене и Лука, сопругот на Беквалац, па тој е пуштен на слобода, а јас морав да ја признаам вината бидејќи тоа беше единствено решение да не одам во Централниот затвор.“ – раскажува Аца Лукас за српски „Телеграф“.