Беквалац остана без своето БМВ поради сопругот

929

Српската поп ѕвезда Наташа Беквалац остана без својот автомобил “благодарение“ на својот сопруг Лука Лазукиќ од кого пред пет дена беше брутално претепана. Но, не станува збор само за физичко семејно насилство.

Имено, пејачката била прелажана од партнерот да го продаде својто автомобил марка БМВ кој го возела последните неколку години, а го купила од свои сопствени пари.

Кога Беквалац стапи во брак со Лука, тој минатата година ја наговори да го продаде белото БМВ со изговор 2дека е застарено“ и да купат понов модел, – дознава српскиот весник “Блиц“.

Пејачјата околу се се консултирала со својот сопруг, го продала автомобилот, а нешто подоцна Лука Лазукиќ купил нов автомобил, со црвена боја, инаку регистриран на име на неговата компанија. Дали Беквалац поминува низ пекол имајќи ваков партнер, се прашува целата балканска јавност.