Да помогнеме секој колку што може за овие добри луѓе

175

Споделете да помогнеме секој колку што може за овие добри љуѓе 076-708-060‬, Семејството Спасески дозволија бројот да се објави ‭076-708-060‬ Почитувани добри луѓе од Македонија и Дијаспората. Пред малку разговаравме со Чичко Драган и неговата жена Виданка многу се израдуваа.

Храна, облека, парични средства и донации добродојдени се од сите нас , за повеќе инфо договорете се со нив на телефонот кој го објавивме . Да бидеме хумани дека нема Љубов ако нема и дела .

Фамилија Спасески контакт 076 708 060‬ Пет години живеат без струја, со социјална помош од само околу 1.900 денари. Јадат еднаш во текот на денот и живеат во куќа пред распаѓање. Ова е тажната животна судбина на Драган и Виданка Спасески од Прилеп.

Спасески неможе да стане ниту од кревет. Поради дијабетесот едната нога му е комплетно помодрена, нема пари соодветно да се лекува. „Претходно се движев малку со патериците, надвор ќе излезев, сега никаде. Ногата тука ми бешпе како изгорена.

Докторот Аризанкоски ми рече брат Драган, брат, ова стигнато за на пила“, низ солзи раскажува Спасески. Се хранат само од народната кујна која е оддалечена неколку километри од нивниот дом. „За едно лепче и за две јажици манџа мојата сопруга оди од тука до народната кујна и назад пешки“, додава Спасески.

Случајот со бранителот Спасески ја разбранува јавноста по сторијата на Сител ТВ: Бранител од 2001-ва од Прилеп, инвалид заборавен од државата – живее со социјална помош од 1.900 денари.

Денес, градоначалникот Илија Јованоски, националниот координатор за воени и полициски ветерани, Стојанче Ангелов, советник за одбрана на претседателот на Владата на РМ, Драган Василески, претседателот на Здружението на резервни воени обврзници, учесници во настаните 2001/2002 година Рубин Секулоски, директорката на Здравствен дом, Оливера Аџиоска и директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, Живко Силјаноски, денеска го посетија домот на бранителот Драган Спасески, кој што пет години живее без струја и со бројни социјални и здравствени проблеми.

Градоначалникот Јованоски, најпрвин се интересираше за здравствената состојба на Спасески. По разговорот со него и неговата сопруга, Јованоски истакна дека ќе бидат преземени сите мерки во негови и ингеренции на Општина Прилеп, со цел да се решат најгорливите проблеми на Спасески.

Градоначалникот потенцираше дека Општина Прилеп ќе се заложи да се реши проблемот со повеќегодишниот неплатен долг за електрична енергија, којшто во моментов изнесува 91.843 денари, ќе му биде исплатена парична помош. Воедно бранителот ќе биде хоспитализиран со цел да се стабилизира неговата здравствена состојба. Целиот текст прочитајте го на страната на Општина Прилеп, prilep.gov.mkion