Денеска е Спасовден: Не се прави ништо додека не го изедете ова рано науто

805

Верниците го прославуваат Спасовден, празник кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Духови и секогаш е во четврток.

За овој празник се врзани многу верувања и суеверија, кои во некои краишта се уште се почитуваат. За Спасовден се колеле јагниња, а старите верувале дека од Нова година до Спасовден не треба да се пие млеко. Се верувало дека на Спасовден мажите не треба да се бричат, жените да се мијат, а децата да се бањаат.

На Спасовден никако не треба да се спие преку ден, за да не се дреме цела година. На тој ден богатите после одењето од црква повикувале гости на ручек, а помалку богатите го продолжувале дружењето пред црква, каде народот се собирал и веселел.

На овој голем и тежок ден се верува дека не треба да се јаде ништо додека наутро не се вкусат јагоди. Се верува дека не треба на овој ден да се вкусува ново овошје. Обичај е и пред Спасовден да се избањате во река или море.