ФОТО: Поцрвене водата во Козјак – најголемото вештачко езеро во Европа

1988

Поцрвене водата во Козјак, најголемото вештачко езеро во Европа.

Граѓаните се зачудени од оваа појава, а од ЕЛЕМ велат дека тоа е нормално во овој период од годината.

„Станува збор за алги, кои секоја година во овој период цветаат и се појавуваат.

Тоа е природна појава“, објаснуваат од ЕЛЕМ.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање тврдат дека езерото е премногу валкано и поради тоа на 22 април ќе организираат чистење.

Според нив, во водите има пластики и остатоци од отпад.

Фото: Љубомир Чукниев