ФОТО: Целосна блокада на патот Градско-Прилеп кај м.в. Заполски мост, протест на вработените од „Еурокомпозит“

1364

Поради штрајк на вработените во „Еурокомпозит“ целосно е блокиран патот Градско – Прилеп.

Колоните на возила се километарски, како што може да се види на сликите објавени на социјалните мрежи, протестот сеуште трае.

Сеуште нема најава до кога ќе трае протестот и дали ќе продолжи во текот на викендот. Вработените во „Еурокомпозит“ повеќе од една година немаат земено плата, а пред неколку денови група од 11 работници добија и отказни решенија.

АМСМ известување: ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Магистралниот пат Градско – Прилеп кај м.в. Заполски мост е во целосен прекин поради протест.

Погледнете ги фотографиите во продолжение: