Големо намалување на просечната нето плата во Македонија

853

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2018, изнесува 23 158 денари 

Toa e значително намалување во однос на претходниот месец, јануари кога Статистика објави дека просечната нето плата изнесувала 24.025 денари.

Од Министерството за финансии нема објаснување на што се должи овој сериозен пад на просечната плата од над 850 денари или некаде околу 3,5%.

Минатиот месец Министерството за финансии на прес конференција се пофали дека просечната плата ја поминала границата од 24.000 денари.