Граѓаните револтирани: За 1 Мај 100 денари паркинг, а секогаш било бесплатно

698

Дел од жителите кои вчера одлучија денот да го поминат на езерото Треска, за паркинг требаше да платат 100 денари, поради што беа изреволтирани.

Од ваквата одлука најмногу се жалеа тие кои имаат приколки во кампот.

-Кампот Езеро Треска на своите кампери наплаќаше 50 до 100 денари паркинг/влез со парагон блокче без печат и потпис. Иако годишно за место со приколка се наплаќа 12000 денари, а се наплаќа паркинг кое следува за нив. А, не само што се наплаќа 12.000 денари туку и тоалетите се тотално несредени и не може ни да се влезе во нив, вели еден скопјанец

Сопствениците на камп приколките велат дека другите денови паркингот е бесплатен, а директорот одговорен за одржување на езерото Треска, Аки Саити, за ТВ21 рече дека на секој сопственик на камп приколка му е дозволено место за еден автомобил, но, според него, сопствениците се обидувале да внесат повеќе автомобили и поради тоа им било побарано да платат паркинг.

Градот Скопје и општина Сарај одлучија заедно да соработуваат со цел спортско-рекреативниот центар Треска, еден од капиталните објекти на градот Скопје да се ревитализира и да му се врати некогашната функција – да биде сврталиште на скопјани.

Во моментов на терен се работи, на расчистувањето на оваа некогашна атракција која официјално ќе биде пуштена за две недели.