Исплатени 85 милиони денари за штетите од 2017 година во Ресен

338

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски преку фејсбук статус ги информира ресенчани дека исплатени се парите за штетите од 2017 година:

Денескa се исплатени 85 милиони во ресенскиот регион кој беше најпогоден во 2017.

Вкупно 2.355 земјоделци од Ресен кои претрпеа загуби, денеска можат да си ги подигнат парите.

Со оваа исплата започна обештетувањето, а вкупно ќе се исплатат над 4 милиони евра за обештетување на 17.500 баратели во сите региони погодени од временските непогоди во 2017.