Измама во Ресен за откуп на јаболка

332

На ден 08март година во 16,30 часот во Полициска станица-Ресен лицето В.Ш(40) од Лесковац Р.Србија пријави КД-Измама согласно Чл-247 од КЗ на РМ сторено од лицето У.А од Ресен. Имено пријавителот заедно со неговиот син дошол во Ресен каде се сретнал со лице од Ресен од кој требало да откупат јаболка за што претходно се договарале преку ,,Фејсбук,, и ,,Вибер,,.

Од таму заедно заминале за с.Царев Двор каде во магацин на У.А гледале јаболка за откуп за да потоа заминат во канцеларии на У.А каде му побарал 2000Евра за да му спакува 20 тони јаболка за утре.

Кога пријавителот забележал дека лицето не му понудил писмен договор а немал ни печат туку се потпишал на обичен бел лист хартија му рекол да му ги врати парите на што У.А му рекол дека ќе му ги врати на одредена локација каде пријавениот не се појавил.

Тогаш В.Ш сватил дека е измамен и дојде во Полициска станица Ресен и го пријави настанот.