Кои се највеселите играорки на отворањето на автопатот Демир Капија-Смоквица???

2823

На социјалните мрежи голем интерес предизвика забавата со зурли и тапани на вчерашното отворање на автопатот Демир Капија-Смоквица. Најголемиот број коментари беа насочени кон највеселите играорки на свеченоста.

1ТВ го контактираше директорот на „Актор“, Симу Константинос, кој ни изјави дека забавата била во организација на компанијата. Тој поврди дека највеселите играорки се вработени во компанијата, но сепак одби да ги каже имињата.

Инаку, видеото беше поставено од извесен Блашко Орешков од Неготино, кој сакал да се пофали дека и тој, но и други кои играа и се веселеа, учествувале во изградбата на автопатската делница.

Компанијата претходно соопшти дека на забавата учествувале вработени, супервизори и добавувачи од земјава.