Мајката барала 100.000 долари оштета заради деталниот „претрес“ од полицаецот снимен на ова видео

663

Камера во полициско возило открива видео од контроверзниот „претрес“ на жена, мајка на две деца.

Обвинителите во Кемпбел Каунти, Тенеси во понеделникот изјавија дека полицаецот Исаија Лојд бил ослободен од кривични дела во две сообраќајни стопирања на Патриша Вилсон.

Жената поднела тужба и барала отштета од 100.000 долари, од полицаецот кој ги користел неговите полициски овластувања за сексуално вознемирување и ја допирал несоодветно.

Првиот пат полицаецот ја стопирал, додека одела кон работното место како чистачка, затоа што немала појас. Тој ја прашал дали е под влијание на нешто кога излегла од возилото.

„Не не консумирам дроги, не ништо, жими Господ.“, одговорила Патриша. Тогаш полицаецот направил детален „претрес“ на Патриша, а потоа бара таа да го протресе градникот за да покаже дека ништо не крие под него.

Тој продолжува да ја испрашува за дрога, а кога жената објаснува дека само користи апчиња за спиење Амбиен, полицаецот и вели дека тие апчиња спаѓаат во наркотици и дека влијаат врз возачот. Амбиен не е класифициран како наркотик од ДЕА

Тестовите на трезвеност на теренот продолжуваат околу шест минути, тест на очите, пета до прсти чекорење и броење со една нога подигната шест инчи од земјата.

Второто стопирање било околу 3 часа подоцна. Вилсон се враќала од работа во истиот камион и овој пат имала две деца, на возраст од осум и три години, во возилото.

Лојд ја обвинил Патриша дека нејзините прозорци се премногу затемнети и дека „шарала по патот“. Таа овој пат не излегувала од возилото. Според тужбата полицаецот и кажал: „Мора да престанеме вака да се среќаваме.“

Полицаецот кој за време на судењето бил тргнат од должност повторно може да се врати на работа откако според судот е заклучено дека тој не е виновен за било какви криминални дејствиа: