Моќно видео од врвот на Кајмакчалан, ечи македонска песна над Солунско поле, на 2.524 метри височина „Ој Зарино Првасевдо“

286

Моќно видео и изведба на староградската охридска песна „Ој Зарино прва севдо“ на 2.524 метри надморска висина, во зимски услови, на Кајмакчалан. Претходно Зарина ја освои Македонија со слично видео од врвот Пелистер, кога ја запеа “Билбил пее во планина”. Погледнете колку неверојатен е погледот од Кајмакчалан во зима и како изгледа црквата Св. Илија која се наоѓа на самиот врв. Кајмакчалан , Ниџе. (27.01.2019) Сред лута зима широко се отвори небо сино, со поглед кон Солунско поле на 2524 м.н.в. …со полни гради, гласно и од срце – Ој Зарино Првасевдо!