Осумчлено македонско семејство живее во автомобил (Видео)

1368

Ова е автомобил, марка Застава. Наместо превозно средство, за осумчленото семејство претставува подвижен дом. Нивна адреса се слободните паркинг места, објави ТВ21.

Мајката Гулџан го храни 3 неделното дете, додека таткото со едно од децата тргнува да најде јадење за останатите членови на семејството.

Мајката на децата раскажува за секојдневните проблеми со кои се соочуваат. Таа вели дека нејзините деца веќе 3 недели не се бањати.

Најголемиот предизвик за ова семејство е зимската сезона. Гулџан раскажува како се справувале со студеното време.