Плетвар бил заглавен поради пропуштени камиони на превојот, не можеле да искачат на снегот, повеќе часови траело одглавувањето

284

Превојот Плетвар, кој што има надморска височина од 994 метри важи за место каде во зимски услови е лизгаво и задолжително носење на ланци, како и внимателно возење.

Кога има силно врнење на снег, на овој превој се стопираат тешките товарни возила од страната на Прилеп кон Росоман, а исто така и од Росоман кон Прилеп и се чека екипите на Македонија пат да го исчистат коловозот и да ги пропуштат возилата.

Вчера не било така, очевидци за Пелагонија раскажуваат како камиони од досега не познати причини се пропуштени на Плетвар, но не успеваат да го искачат каде ги пролизгува и го заглавуваат целиот сообраќај.

Кој го направил пропустот дали ненавремено пристигнување на полицијата, дали камионите поминале со пропусница можеби денес ќе добиеме одговор од МВР Прилеп или единиците на Македонија пат во Прилеп.

САБОТА, 26 ЈАНУАРИ 2019 07:31:00

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

УКИНАТА ЗАБРАНА: Од 06:40 часот на патниот правец Велес-Катланово се укинува забраната за движење на тешки моторни возила. Во 07:10ч. укината е забраната за ТМВ на планински превој Ѓавато и Буково.

ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ: Забрани за тешки товарни возила има на следниве патни правци крак Маврово-Дебар, Дебар-Струга, Кичево-Охрид преку планинскиот премин Пресека, крак Стража-Кичево, а за останатите возила задолжително употреба на зимска опрема, Македонски Брод-Прилеп преку планинскиот премин Барбарас, Прилеп-Градско преку планинскиот премин Плетвар, Крива Паланка-Деве Баир и Тетово-Попова Шапка каде има забрана и за автобуси.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Патниот правец Демир Капија – Гевгелија кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, е оспособен за сообраќај за патнички возила додека товарните возила сеуште се пренасочуваат по стариот пат.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: На патниот правец Струга – г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови по влажни коловози, со снег по коловозите.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година. На овој линк ќе најдете повеќе информации што се подразбира под зимска опрема.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

РАБОТИ НА ПАТ:

Од 01.10.2018 ЈП Македонијапат подружница Штип изведува градежно асфалтерски работи на повеќе регионални патни правци од кои Р-1402 на од с. Куклиш до с. Банско, на Р2345 од Виница – с. Бигла и на Р1204 од Свети Николе до Павлешенци од 09:00 до 17:00 часот.

Од 04.10.2018 (четврток) ЈП Македонијапат подружница Велес ќе изведува асфалтерски работи на регионалниот пат Р-1102 на потегот од с.Смоквица до с.Прдејци од 09:00 до 17:00 часот. Во периодот на работа сообраќајот ќе се одвива по автопатот А1Смоквица-Гевгелија во двата правци.

Времен режим на наплатните станици:

Друштвото Асфалт Дооел Скопје известува дека порaди изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобренијата за времен режим на сообраќај и тоа на:

-наплатна станица Романовце во период од 15.09.2018 до 14.03.2019 год.

-наплатна станица Градско во период од 01.11.2018 до 01.04.2019 год.

Ги предупредуваме возaчите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од ново поставената сообраќајна сигнализација.

Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај, на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Мала Река – Славеј Плаина) од 10.08.2018 се воведува времена измена на сообраќајот со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената ќе трае до завршување на градежните работи.

Од 21.05.2018 година започна изградбата на Експрес пат А4, Штип- Радовиш, на следниот потег: клучка Штип југ (Софилари)- Бучим (км 5+000 до км 28+560) согласно Договор бр. 001-ЕБРД/17.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.