Погреб наместо свадба – Се огласи вереникот на припадничката за српската војска која вчера се самоуби

1941

Отидов на работа синоќа. Се беше добро кога појдов. Да имаше нешто, ќе забележев. Беше ведра, насмеана, како и секогаш.

Кога се вратив, имав што да видам. Не можам да верувам дека повеќе ја нема.

Не знам како ќе продолжам сам – вели К.М., свршеник на припадничката на војската на Србија, 24-годишната Б.М., која вчера се самоуби со неговиот пиштол.

И соседите го велат истото- била секогаш ведра и насмеана. Б.М. била бремена во петти месец, а свадбата им била закажана за сабота.