Полицијата ги фати арамиите од златарата во Прилеп

208

Секторот за внатрешни работи Битола – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, во соработка со Единицата за имотен и нассилеен крриимиинал од Секторот за општ и нассилеен ккримиинал од Оделот за ккриминнналистичка полиција при БЈБ , до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против Д.П. (41), М.А. (35) и У.П. (38), сите од Република Србија поради постоење основи на сомнение за сторено кррривично дело “раззбојнништво”, предвидено и каазнниво во член 237 од КЗ на РМ и против лицата М.К. ( 44) и В.Т. ( 44) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено крривично деело “помагање” по член 24 од КЗ на РМ а во врска со член 237 од КЗ на РМ.

На 25.12.2019 год околу 08.45 часот додека вработената во златара „Буба Мара“, лоцирана во старата градска чаршија во Прилеп, го поставувала излогот, второпријавениот го скрршил стаклото од влезната врата со помош на чекан и влегол внатре, а по него и првопријавениот, почнал да го собира златниот накит од излогот и од сефот во кој имало и торбичка со пари.

Потоа, заедно со третопријавениот, кој ги чекал пред дуќанот избегале со возило Форд Фиеста.

Четвртопријавениот им помагал така што им обезбедувал сместување, храна, мобилни телефони и друга логистика додека тројцата го подготвувале делото. Петтопријавениот исто така им помагал со прикривање на возилото Форд Фиеста и друга логистика. М.К. и В.Т се приведени и предадени на ОЈО.