Превртен камион на патот Кавадарци-Прилеп: Сообраќајот целосно затворен

248

Денес од 18 часот и 30 минути на регионалниот пат Кавадарци-мотел „Дреново“ кон Прилеп, поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во целосен прекин.

Од АМСМ соопштуваат дека се работи за превртено тешко моторно возило.

На 30.01.2019 година од 18:30 часот на регионалниот пат Кавадарци-мотел „Дреново“ кон Прилеп, поради случена сообраќајна незгода (превртено ТМВ).

Сообраќајот е во прекин, возилата се пренасочуваат од мотел Дреново – Росоман – Кавадарци – Неготино и обратно.