Прилеп има наставник – херој, неговите ученици слободниот ден избираат да го поминат со него

498

Секој родител би посакал триесет и лосумгодишниот прилепчанец Гоце Бумбароски да му го учи детето. Тој е многу повеќе отколку само наставник во лодделенска настава.

Поради него, учениците не сакаат да си одат дома, се враќаат во клупите дури и кога им дал слободен ден. Кога ќе забележи дека часот им станува здодевен и ги фаќа дремка, ги станува од клупите, па прават вежби.

Со него јадат пица во училница, му носат торта за роденден, а понекогаш и им ја препушта катедрата, па тие се наставници. Ова не се случува во Финска или Норвешка, земјите со речиси совршено образование, туку во Прилеп, во едно од најстарите основни училишта – „Кочо Рацин“.

Секој родител би посакал триесет и осумгодишниот прилепчанец Гоце Бумбароски да му го учи детето. Тој е многу повеќе отколку само наставник во одделенска настава. Учениците му се секогаш на прво место, се труди часот да им го направи интересен, да ги ослободи од стресот, а тоа го прави вистински суперхерој. Бумбароски е и првиот Студентски правобранител при Битолскиот универзитет.

Во нашата училница секој час се разликува

Бумбароски им предава на 20 прекрасни ученици од четврто одделение. На „Фејсбук“ има страница „Наставник Гоце“ каде што одвреме-навреме споделува што сработиле неговите ученици.

Креативноста на овој наставник нема граници. Вели дека со помош на страницата е во контакт со родителите, покрај редовните средби.

– Вака и тие го следат процесот на едуцирање на своите деца, па затоа одлучив да ја креирам страницата. Успехот на моите ученици го сметам и за мој успех, па вложувам дел од моите пошироки знаења за да ги мотивирам во работата.

Креативноста произлегува од потребите на моите ученици. Често пати дома планирам еден начин на изведување на часот, а се случува сосема на поинаков начин да биде реализиран – вели тој.

Во училницата има видеобим, имаат училишна библиотека која располага со повеќе од 450 книги, библиотекари од редот на учениците кои се грижат за просторот, препорачуваат и издаваат книги.

Целиот текст прочитајте го на Факултети.мк