Се чисти каналот од Дабничка река во населбата „Тризла 2“

72

Во населбата „Тризла 2“ се чисти речниот канал на Дабничка Река од насобраниот
смет.

Прилепската фирма „Алфа и Омега“ во рамките на своите активности за
општествена одговорност со сопствена механизација го отстранува сметот, го
чисти речното корито.

Денеска градоначалникот Илија Јованоски изврши увид на
теренот и како што рече, оваа активност е една од предизборните ветувања за
подобрување на условите за живот на оваа населба.

„Каналот го чисти компанијата „Алфа и Омега“, која како и многу фирми од нашиот
град, покажува општествена одговорност.

Сакам да им се заблагодарам, затоа
што ни излегоа пресрет, за да се заврши оваа работа, што е многу важна за
граѓаните од Тризла 2.

Во минатите години, за време на поплавите овде се
јавуваа и дополнителни проблеми, а порано овде имаше и еден немил настан“,
рече градоначалникот Јованоски.