Во случај на војна, ова се можните сојузи: Кој би застанал зад Русија, а кој зад Америка

2757

Американскиот претседател Доналд Трамп најави воен удар во Сирија, па иако денес испрати смирувачка порака, во случај да има војна од светски размери, речиси е познато како ќе се формираат двата воени блока.

Некои би застанале зад САД, а некои зад Русија. Вашингтон веќе смета на поддршката од неколку држави.

Велика Британија

Уште од труењето на агентот Сергеј Скрипаљ, Велика Британија и САД беа на истата страна, тврдејќи дека позади труењето стои Русија. Исто така, семтаат дека позади хемискиот напад во Дума стои Москва. Лондон синоќа ги испрати своите подморници кон Сирија во домет за ракетен удар, според лондонските медиуми, се очекува да нападнат веќе утре. Британија е традиционален американски сојузник, а учествуваше и во американските акции во Ирак.

Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека има докази за хемискиот напад во Сирија. Тој тврди дека владата во Дамаск е одговорна за ова злодело.

“Имаме доказ дека е користено хемиско оружје, хлорин, и дека позади овој напад стои владата на Башар ал Асад”.

“Ние ќе ја продолжиме размената на технички и стратешки информации со нашите партнери, особено со Велика Британија и Америка и во наредните денови ќе ја објавиме нашата одлука”.

Израел

Израел кој се граничи со Сирија редовно учествува во воените операции против Дамаск. Минатата недела Москва соопшти дека Тел Авив стои позади воздушниот напад во кој беше уништена сириската воена база. Израел исто така е клучен американски сојузник на Блискиот исток.

Саудиска Арабија

Ријад е уште еден од главните сојузници на администрацијата во Вашингтон и еден од главните играчи во регионот. Трамп минатата година со лидерите на Саудиска Арабија потпиша воен договор вреден 300 милијарди долари.

Германија

Германија е сојузник на Америка во НАТО пактот, но денес канцеларката Ангела Меркел соопшти дека Германија нема да ја бомбардира Сирија.

Турција

Втората најголема НАТО армија во последниве две години со повеќе се движи кон Москва. По соборувањето на рускиот авион пред една година и претрпените санкции, Анкара е подготвена да одржува добри односи со Русија.

Од друга страна, Турција нема намера да ја прекине соработката и со САД поради Сирија, соопшти турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Источен блок

Ако има војна, се верува дека Русија може да смета на Иран, можеби и на една многу голема воена и економска сила.

Кина

Иако Пекинг вчера не одговори на прашањето за новонастанатата криза, Кина и Русија веќе со години работат на развојот на економијата, но и во војската. Како што известуваат некои светски медиуми, кинеските борбени бродови, кои се наоѓаат во Средоземното море, добиле наредба во случај на војна да станат дел на командата на руската воена морнарица.