ЗА НЕГОВИТЕ ЧУДА ЗБОРУВА ЦЕЛ СВЕТ: Вчера се славеше Свети Василиј Острошки (ВИДЕО)

3015

Василиј Острошки се слави како голем чудотворец чии дела се познати и надвор од границите на Српската православна црква. Неговото свето тело во целост почива во Острошкиот манастир веќе 300 години.

Уште поголемо чудо и доказ за светоста на Василиј се чудотворните моќи на неговото тело. Не можат да се избројат чудата, кои Господ преку него ги направил, и кои секој ден се случуваат и се покажуваат над секој оној кој доаѓа и бара помош.

Многумина веруваат дека доколку се ветат дека на овој ден ќе отидат во манастирот , нивната болест или болеста на некој ближен ќе помине. Ако се решите да побарате помош од светецот, тогаш денеска треба да започнете со строг пост кој треба да трае до Духовден, а потоа отидете во манастирот и причестете се.

Ако познавате некоја личност која се подготвува за ова патување, треба да и однесете масло, темјан и памук да го однесе и остави кај светецот “да преноќи”. Памукот, маслото и темјанот кои се носат на Острог треба да се чуваат за зли работи. (народски кажано “За недај Боже”) За исцелување на телото и душата прочитајте ја оваа молитва: